Прва жртва на протестите во Америка

од Vladimir Zorba

За време на протестот синоќа во Детроит, поради смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, млад човек беше застрелан од огнено оружје, објави полицијата на тој американски град.

Портпаролката на полицијата во Детроит, Никол Кирквуд изјави дека синоќа, половина час пред полноќ по локално време, отворен бил оган од џип врз луѓето кои протестираа во Детроит заради насилната смрт на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Таа тврди дека едно лице е убиено во тој напад, објави АП.

Кирквуд изјави дека жртвата е 19-годишен млад човек, кој починал во болницата како резултат на пукањето.

Полицијата во Детроит тврди дека уличните демонстрации ги воделе луѓе кои не се граѓани на Детроит.

Слични содржини