Првата група на бугарски пожарникари кои помагаа во С.Македонија се вратија во Бугарија

од Берта Китинска

Првата група на бугарски пожарникари кои беа испратени да помогнат во гаснењето на пожарите во Северна Македонија се вратија во Бугарија.

Бугарската национална телевизија (БНТ) јави дека 25 пожарникари се вратиле во Благоевград и Смолјан. Тие една недела со три противпожарни возила се бореа со пожарите во Северна Македонија.

Според БНТ, во Северна Македонија има останато уште 27 бугарски пожарникари кои ќе продолжат да помогаат до целосно гаснење на пожарите.

Бугарските пожарникари беа испратени во Северна Македонија откако бугарската Влада одговори на повикот за помош на почетокот на август.

Слични содржини