Првата вакцинирана докторка: Вакцината е безболна, се чувствувам одлично

од Nikola Popovski

Во модуларната болница во Скопје, вакцината први ја примија примариус доктор инфектолог Добринка Јовановска, од Инфективната клиника и Габриела Темелковска, главна сестра на Инфективната клиника.

„Вакцината е безболна. Се чувствувам одлично. Би препорачала на секој, затоа што е ова е единствениот начин да се заштитиме од инфекцијата која е актуелна цела една година наназад“, вели Јовановска.

Пунктот во модуларната болница ќе има шест вакцинални позиции, кои ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

За денеска е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници, од вкупно 4000-те пријавени за вакцинација.

 

Слични содржини