Прво обраќање на кралот Чарлс во Парламентот: „Поддршка за Украина, Израел и НАТО“

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот крал Чарлс денеска, во своето прво обраќање во британскиот парламент по неговото стапување на тронот, изјави дека Лондон ќе ја поддржи Украина, ќе работи на зајакнување на НАТО алијансата, но и дека одговорните „ќе ги сносат последиците од варварскиот тероризам врз народот на Израел“.

Кралот, кој служеше и во Кралската морнарица и во воздухопловните сили, ѝ оддаде почит на својата мајка Елизабета за нејзината служба и посветеност на нацијата, објави Би-Би-Си.

„Моите министри тесно ќе соработуваат со меѓународните партнери за поддршка на Украина, зајакнување на НАТО алијансата и решавање на најтешките безбедносни прашања. Ова ги вклучува последиците од варварските терористички акти извршени врз израелскиот народ, потоа обезбедувањето хуманитарна помош за Газа и поддршка и стабилност на Блискиот исток“, изјави Чарлс, пренесува „Танјуг“.

Признавајќи ги „значајните долгорочни предизвици“ создадени за Велика Британија од пандемијата на ковид и руската инвазија на Украина, тој вели дека приоритет на владата е да донесе „тешки, но неопходни долгорочни одлуки за да се промени земјата на подобро“.

Слични содржини