Прво огласување на кралот Чарлс откако му беше дијагностициран рак

од Stefanija Kuzmanovska

Кралот Чарлс за првпат се огласи откако му беше дијагностициран рак. Кралот изрази благодарност за поддршката и откри како ќе продолжи неговото закрепнување.

„Би сакал да изразам срдечна благодарност за многуте пораки за поддршка и добри желби кои ги добив во последните денови. Како што знаат сите заболени од рак, ваквите љубезни мисли се најголема утеха и охрабрување. Подеднакво е охрабрувачки да се слушне како тоа што ја споделив мојата сопствената дијагноза помогна да се подобри разбирањето на јавноста и да се расветли работата на сите оние организации кои ги поддржуваат пациентите со рак и нивните семејства ширум Велика Британија и насекаде во светот. Моето доживотно восхитување за нивната неуморна грижа и посветеност е уште поголемо како резултат на моето лично искуство“, се вели во официјалното соопштение потпишано од Чарлс.

Кралот ќе продолжи да се одмора на имотот Норфолк, каде што замина откако ја напушти болницата по операцијата на простатата. Се очекува тој да присуствува на утринските и неделните богослужби во црквата Света Марија Магдалена, каде што беше виден со кралицата Камила, еден ден пред да биде објавена неговата дијагноза за рак.

Пријателите на монархот велат дека тој веројатно ќе се препушти на омиленото хоби – шетањето и сликањето, пишува „Дејли мејл“.

Кралот ќе се врати во Лондон на неколку дена на почетокот на неделата на медицински прегледи и наведено е дека е доволно добро за да одржува состаноци лице в лице во главниот град.

Слични содржини