Пукање во црква во Тексас: Убиен свештеник, ранети неколку лица (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Еден свештеник загина, а две лица беа повредени во пукање во црква во американската држава Тексас.

Сето тоа се случило во методистичка црква во Винона.

Локалниот шериф Лери Смит изјави дека напаѓачот се криел во бањата на црквата што претходно ја ограбил, а свештеникот, кој дошол во црквата со сопругата и уште неколку други лица, го пронашол осомничениот во бањата.

Медиумите наведуваат дека свештеникот со себе имал пиштол, кој го насочил кон осомничениот, но тој го совладал, го украл оружјето и го застрелал.

Потоа следеше потера по напаѓачот кој беше повреден при апсењето, за што беше пренесен во болница.

Слични содржини