ПУКАЊЕ ВО ЕРУСАЛИМ: Има мртви и повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските спасувачки служби соопштија дека дошло до пукање во Ерусалим во кое е убиена 24-годишна жена.

Би-Би-Си јавува дека осум ранети се префрлени во локалните болници.

Петмина од нив се во тешка состојба, едно лице има средно тешки повреди, а две лица се полесно повредени.

Министерот за надворешни работи на Израел објави дека се неутрализирани „двајца тешко вооружени“ напаѓачи.

„Ерусалим пост“ објави дека „двајца терористи“ утринава пристигнале во населбата Гиват Шаул на влезот во Западен Ерусалим и почнале да пукаат во цивили кои стоеле на блиската автобуска станица.

Се наведува дека напаѓачите биле убиени од припадници на безбедносните сили и цивил кој случајно се нашол таму.

Слични содржини