Путин: Десетици луѓе околу мене се заразени со Ковид

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека бил во контакт со десетици луѓе заразени со коронавирусот, поради што ќе се изолира на неколку дена.

За време на видео обраќањето, тој објасни дека случаи на Ковид биле потврдени во неговиот тесен круг, пренесува ТАСС.

„Тоа не е само еден или двајца луѓе, туку неколку десетици“, објасни тој.

Додаде дека ќе ја почитува самоизолацијата.

„Ќе морам да се придржувам до правилото за самоизолација неколку дена“, рече Путин во видео обраќањето до Организацијата за колективна безбедност.

Се извини што не можел лично да присуствува на состанокот.

Слични содржини