Путин и Лукашенко на јахта: Белорусија ќе добие позајмица од 352 милиони фунти

од Nikola Popovski

Претседателите на Русија и Белорусија – Владимир Путин и Александар Лукашенко, вчера одржале состанок на кој бил договорен заем од 352 милиони фунти на Белорусија.

Тие се согласиле за заемот на јахта во Сочи, среде меѓународната криза што владее поради апсењето на белорускиот новинар Роман Проташевич.

Русија ќе ја покрене постапката следниот месец, кога ќе одобри заем за соседната земја. Путин е единствениот светски лидер кој застана во одбрана на неговиот белоруски колега, кој е обвинет за незаконско апсење на новинарот Проташевич.

Во меѓувреме, многу лидери на ЕУ ги осудија постапките на Лукашенко и воведоа санкции кон Белорусија.

Русија минатата година вети заем од една милијарда, за да помогне во стабилизирање на соседите и долгогодишен сојузник.

Слични содржини