Путин и Лукашенко одиграа хокеарски натпревар за ист тим (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Владимир Путин и Александар Лукашенко, претседателите на Русија и Белорусија, постигнаа вкупно девет гола на пријателскиот хокеарски натпревар одигран во Санкт Петербург.

Натпреварот се одигра во ледената сала „Манеж“ во Стрелна.

Путин и Лукашенко го претставуваа тимот на „Белите“ и со своите девет гола придонесоа за победата над „Црвените“ од 18:7.

 

Претседателот на Русија бил подобар со седум гола, додека првиот човек на Белорусија постигнал два гола.

Претходно истиот ден Путин бил дел од церемонијата на која на најдобрите руски хокеари им биле врачени награди.

Фото: Getty Images

Слични содржини