Путин објави кои држави ќе добијат жито

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ќе биде подготвена да испорача бесплатно жито во некои од најсиромашните земји во Африка за 3-4 месеци, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин го изнесе овој податок за време на руско-африканскиот самит што се одржа во Санкт Петербург.

Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканската Република и Еритреја ќе добијат по 25-50 илјади тони жито, рече рускиот лидер.

„Москва исто така ќе ги сноси трошоците за испорака“, додаде Путин, пренесува RT.

Соопштението дојде една недела откако официјална Москва се повлече од Договорот за жито во Кномори, договор што овозможи украинското жито да се извезува со комерцијални бродови.

Слични содржини