Путин: Русија е подготвена да се спротистави на секој агресор

од Aleksandar Petrovski

Русија е подготвена да одговори на секој агресор кој ќе се осмели да го повтори нападот на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз, изјави претседателот Владимир Путин во интервју за новинската агенција Тасс.

Коментирајќи ја популарната руска изрека „Можеме повторно да го сториме тоа“, Путин додаде уште една позната фраза: „Кој ќе тргне на нас со меч, ќе страда од меч“.

Путин

„Советскиот сојуз беше изложен на страшен, ужасен, непростлив напад од страна на нацистичка Германија. Загубивме 27 милиони луѓе. Ниту една друга држава во светот не претрпе толку голема загуба. Значи, ако некој се осмели повторно да проба нешто слично,„ние можеме да повториме тоа“, рече Путин.

Тој ги осуди како „вистинско ѓубре“ обвинувањата кои ја изедначуваат одговорноста на Адолф Хитлер и Јосиф Висаринович Сталин за избувнувањето на Втората светска војна.

Путин рече дека никој не може да му ја одземе победата на Русија во Втората светска војна и смета дека никој не се ни обидува.

„Има некои неуки луѓе. Овие луѓе фрлаат секакво ѓубре во Европскиот парламент за “еднаква” одговорност на Хитлер и Сталин. Тотално ѓубре!”, нагласи Путин.

Слични содржини