Путин: Русија има застрашувачки подморници, им нема рамни во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на подигнување на знамето на нуклеарните подморници „Краснојарск“ и „Император Александар Трети“ изјави дека им нема рамни во светот и дека се „застрашувачки“.

Путин беше во северниот град Северодвинск, каде што рече дека руската морнарица се зајакнува со најсовремена опрема и оружје.

Наскоро „Александар Трети“ и „Краснојарск“ ќе почнат да го надгледуваат Пацификот, рече Путин.

Според информациите, во тек е изградбата на уште пет подморници, од типот „Јасен М“, а во завршна фаза е и крстосувачот „Архангелск“.

Според официјалните податоци, „Краснојарск“ е повеќенаменска нуклеарна подморница од проектот „Јасен-М“. Припаѓа на четвртата генерација на подморнички бродови.

Официјално е објавено дека овие подморници се вооружени со крстосувачки ракети „оникс“ и/или „калибар“.

Се планира нивно вооружување со хиперсонични ракети „циркон“.

Слични содржини