Путин свика итен состанок за заострување на девизната контрола во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин за денеска свика итен состанок со одговорните претставници откако зголемувањето на референтната каматна стапка на 12 отсто не го спречи слабеењето на рубљата. Таа информација ја објави „Фајненшал тајмс“ повикувајќи се на два извора запознати со ситуацијата.

На средбата рускиот претседател ќе ги разгледа предлозите на Министерството за финансии за зајакнување на девизната контрола, пренесува „Комерсант“.

Според извори на ФТ, руското Министерство за финансии предложило руските извозници да се обврзат да продадат до 80 отсто од нивната девизна заработка во рок од 90 дена од испораката. На компаниите што нема да ги почитуваат тие услови ќе им бидат одбиени државните субвенции, пишува британскиот весник.

Предложена е и забрана за исплата на дивиденди и издавање заеми на лица лоцирани надвор од Русија, укинување на увозните субвенции и намалување на износот на девизи што извозниците можат да ги изнесат од Русија.

Слични содржини