Путин: Украинските сили трпат огромни загуби, Западот е разочаран

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните покровители на Киев се разочарани бидејќи, како што наведе, нема резултати од украинската офанзива.

На денешната седница на рускиот Совет за безбедност, со која тој претседава, Путин изјави дека украинските сили трпат огромни загуби, кои изнесуваат неколку десетици илјади војници.

Тој изјави дека обидите на Западот да вклучи други земји во конфликтот во Украина е многу опасна игра и предупреди на последиците.

Слични содржини