Путин утре има годишна конференција и обраќање до народот, пристигнати над 1,5 милиони прашања

од Stefanija Kuzmanovska

Над 1,5 милиони прашања се примени за „Сумирање на годишните резултати со Владимир Путин“, објави телевизијата „Русија 1“.

Според извештаите, примени се 1.557.445 прашања, меѓу кои околу 952.000 биле испратени телефонски, околу 408.000 преку пораки и уште 96.000 преку веб-страницата.

Најзастапени теми се војната во Украина, медицината, образованието, комуналните и спортските прашања.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател на 14 декември на годишната конференција ќе ги разгледа годишните резултати и дека тоа ќе биде комбинирано со вклучувања во живо.

Слични содржини