Путин: Во 2014 година немавме хиперсонично оружје, сега имаме

од Radmila Tasevska

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија всушност не користи хиперсонично оружје за време на „специјалната воена“ операција во Украина, но посочи дека тие постојат, како и другите современи системи.

Путин изјави за ТВ Русија 1, одговарајќи на прашањето дали „специјалната операција за заштита на населението во Донбас“ требаше да започне веќе во 2014 година, рече дека прашањето се однесува на подготвеноста на Русија за посериозни акции од Крим, пренесува РИА Новости.

Рускиот претседател изјави дека станува збор за обезбедување храна, замена на увозот, зајакнување на финансискиот систем и развој на модерно оружје.

Слични содржини