Путин за смртта на кралицата Елизабета: Ненадоместлива загуба

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа упати сочувство до Велика Британија за смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 96-годишна возраст, објавија руските новински агенции.

Во пораката до Чарлс Трети, новиот британски крал, Путин порачал дека кралицата со право ја ужива љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитетот на светската сцена, пренесе Ројтерс.

„Ви посакувам храброст и сила пред оваа тешка, ненадоместлива загуба. Може ли да ве замолам да им го пренесете моето искрено сочувство и поддршка на членовите на кралското семејство и на целиот народ на Велика Британија“, истакнал рускиот претседател.

Слични содржини