Путин: Западот го „проголта“ Косово, а му воведе санкции на Крим

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин оцени денес дека Крим стана составен дел на Руската Федерација како резултат на референдумот, додека тоа не беше случај по прашањето за Косово, пренесува Спутник.

„На Запад тие „го проголтаа“ одвојувањето на Косово, додека воведоа санкции за жителите на Крим“, изјавил Путин, одговарајќи на прашања на годишната прес-конференција.

Зборувајќи за односот на Западот кон Русија и одговарајќи на прашањето дали Русија е секогаш невина или има малку вина во лошите односи со Западот, рускиот лидер изјавил: „Да, ние сме невини во споредба со вас“.

Путин исто така посочил дека НАТО се шири кон границите на Русија, додека Америка се повлекува од клучните воени договори.

„Тие се повлекоа од Договорот за отворено небо. Што треба ние да направиме? Не сакам да ти го поставам ова прашање, но што да правиме? Остави сè како што е“, прашал тој.

Слични содржини