Путин: Зголемен број на сајбер напади врз Русија

од Берта Китинска

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека бројот на сајбер напади врз Русија од странски државни структури се мултиплицирал и дека Русија мора да ја зајакне својата сајбер одбрана со намалување на употребата на странски софтвер и хардвер.

„Се прават насочени обиди да се оневозможат интернет-ресурсите на руската критична информациска инфраструктура“, рече Путин, додавајќи дека на мета биле медиумите и финансиските институции.

Слични содржини