Рјабков: Русија ќе ги информира САД за ракетните тестови

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва ќе продолжи да ги известува САД за тестирање на интерконтинентални или подводни балистички ракети и покрај суспензијата на единствениот преостанат нуклеарен договор меѓу двете земји, пренесе „Интерфакс“.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија минатиот месец ја суспендираше програмата Нов СТАРТ потпишана во 2010 година, со која се ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави на двете страни.

Како одговор, САД во вторникот соопштија дека ќе престанат да разменуваат нуклеарни податоци со Москва, наведе „Ројтерс“.

Слични содржини