Рабио веќе разговарал со Тен Хаг, Јунајтед почнува разговори со неговата мајка

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед е се поблиску до потпишување со играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

Според изворот, англискиот клуб нема да има проблеми со трансферот на 27-годишниот фудбалер, бидејќи тимот од Торино сака да го продаде францускиот играч за врска. Сепак, Манчестер Јунајтед треба да го договори личниот договор на Рабио со неговата мајка Вероник, која делува како агент на Адриен.

Самиот Рабио веќе имал разговор со менаџерот на тимот, Ерик Тен Хаг.

Рабио (27) на почетокот на кариерата помина половина година во академијата на Манчестер Сити. Од 2010 до 2019 година, Адриен беше во ПСЖ каде постигна 24 гола и даде 14 асистенции на 227 натпревари.

Французинот пред три години се пресели во Јувентус како слободен играч, потпишувајќи договор до летото 2023 година.

Слични содржини