Работниците во Ауди наградени со 4.770 евра

од desk2

Околу 60.000 вработени во две германски фабрики ќедобијат годишен бонус како резултат на успешното работење на компанијата во минатата година.

Како што соопшти раководството на комапнијара Ауди, за производство на автомобили, бонусите ќе бидат исплатени во мај, а во просек се поголеми од ланскиот бонус за 1.620 евра.

Ауди почна да исплаќа годишни бонуси на работниците во Германија во 2011 година врз основа на колективен договор со синдикатот.

„Бонусот за 2017 година е заслужена награда на нашите вработени за целиот напор кој го вложија во минатата година за Ауди да остане на патот на успехот“, изјави Петер Мош од управат на германскиот производител на автомобили.

Ауди и за 2018 година има амбициозни планови, а со оглед на тоа дека најави нов модел или верзија на некој модел во просек на секои три недели.

Меѓу 17 нови автомобили веќе се претставени новиот Ауди A6, а следат и електричниот E-Tron, Q8, SQ2, Q3 и новиот Ауди A1.

Награден бонус за 2017 година за своите вработени вети и Мерцедес и тоа по 5.400 евра.

Слични содржини