Рација во Фудбалската федерација на Шпанија – уапсени седуммина за нелегална проневера на саудиски пари

од Симе Стоиков

Во средата шпанската полиција по налог на Судот во Махадахонда (општина во близина на Мадрид) спроведе опсежна акција во која уапси седум лица под сомнение за финансиски малверзации.

Станува збор за вработени во Шпанскиот фудбалска федерација кои се осомничени дека незаконски си поделиле дел од парите од профитабилниот договор со Саудиска Арабија.

Во септември 2019 година, шпанската фудбалска федерација потпиша шестгодишен договор со Саудијците вреден 240 милиони долари за „преселување“ на финалните натпревари од Суперкупот во таа земја во следните шест години.

Посредник во овој бизнис беше компанијата „Космос“ со која раководи поранешниот репрезентативец на Барселона и шпански Жерар Пике. Таа компанија добила 24 милиони за посредување.

Засега не се знае дали и таа фирма е под „лупа“ на обвинителството и полицијата

Она што засега е познато е дека во денешната полициска акција се уапсени вкупно седум лица, претресени се пет згради (не седиштето на Федерацијата), како и куќата на поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес во Гранада кој моментално е надвор од државата (наводно би бил уапсен доколку го најдат во домот).

Рубиалес беше на чело на Федерација во времето кога беше потпишан договорот со Саудијците.

Слични содржини