Радман: Албанија и Северна Македонија ги исполнија сите критериуми за почеток на преговорите

од Берта Китинска

„Албанија и Северна Македонија ги исполнија сите критериуми и веруваме дека треба да се отворат преговори за пристап со нив што е можно поскоро“, рече хрватскиот министер за надворешни работи Грлиќ Радман по пристигнувањето на состанокот на Советот за општи работи.

-Северна Македонија и Албанија ги исполнија сите критериуми за отворање на пристапните преговори што е можно поскоро, а Косово заслужува визна либерализација, рече Радман во Луксембург.

Дел од министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ на Советот за општи работи  очекуваат одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија.

Сè уште нема договор за отворање на преговорите на С.Македонија поради противењето на Бугарија. Нема блокади за Албанија, но некои земји не сакаат да го одделат прашањето за отворање разговори со Тирана од оние со Северна Македонија.

Слични содржини