Радман: Почеток на преговорите со Македонија и Албанија и визна либерализација за Косово

од Andreja Salpe

Пред денешниот состанокот на министрите на ЕУ во Брисел, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, изјави дека на ЕУ и е потребен дополнителен политички ангажман и стратешки пристап кон Западен Балкан и дека партнерите во регионот мора да покажат резултати во областите на демократската трансформација, човековите права и владеењето на правото.

-Тоа е клучно за нивниот европски пат, но секако мора да им помогнеме да го исполниме и нашиот дел. Тоа значи почеток на преговорите со Македонија и Албанија и визна либерализација за Косово. Црна Гора мора да остане посветена на патот кон ЕУ, а Србија мора да се фокусира на реформите и надминувањето на наследството од војната, изјави хрватскиот министер за надворешни работи.

Тој истакна дека ЕУ треба да се ангажира и да инвестира во стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, бидејќи тоа е инвестиција во стабилноста и безбедноста на Европа.

Слични содржини