Раиконен може да се врати во Заубер

од desk4

Знаците дека Кими Раиконен ќе биде заменет во Ферари продолжуваат да се зголемуваат. „Ледениот“ претходно изјави дека одлуката дали ќе го вози црвениот автомобил следната година целосно зависи од тимот. Според некои извори, Чарлс Леклер веќе го потпишал договорот со „Скудерија“. Ако тоа е точно, иднината на Кими станува неизвесна.

Швајцарскиот весник „Блик“ верува дека Раиконен има голема шанса да се врати во Заубер, каде што Финецот ја започна својата кариера пред 17 години.

Но, италијанскиот новинар, во близина на Ферари – Лео Турини – смета дека Раиконен не го заслужува ова.

„Ова е најдобрата двојка на Ферари во изминатите 25 години, а тие исто така имаат автомобил кој се развива и тим кој блескаво работи заедно“, изјави тој за „Sky Italia“.

Слични содржини