Ракометарките обезбедија место во баражот за пласман на СП

од Vladimir Zorba

Женската ракометна репрезентација на С.Македонија го обезбеди најмалку второто место во квалификациската група за потврда на местото во баражот за пласман на Светското во Шпанија.

„Жолто-црвените“ на вториот натпревар од квалификациите славеа убедливо против Литванија со 31-21.

По вчерашната победа над Исланд од 24-17, репрезентативките со вториот триумф си обезбедија бараж.

Утре од 17 часот Македонија ќе излезе против селекцијата на Грција.

Слични содржини