Рама: Добри вести, почнуваме со вакцинација

од Nikola Popovski

Албанија денес започна со вакцинација против Ковид-19, најави премиерот Еди Рама.

„Добри вести. Започнуваме со вакцинацијата против коронавирус“, напиша Рама на Фејсбук во неделата.

Деталите за процесот на вакцинација сè уште не се познати, пренесува „Exit.al“.

Владата обезбеди 500.000 дози вакцина произведени од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Рама на 1 јануари соопшти дека првите 10.750 дози на вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од јануари, додека другите 30.250 дози ќе дојдат во февруари, врз основа на планот за вакцинација.

Пред неколку дена премиерот го посети стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерката за здравство, Огерта Манастирлиу. Стадионот ќе служи како прв центар за вакцинација. Според Рама, прво лекарите ќе бидат вакцинирани.

Слични содржини