РАМА ГО ПОТВРДИ ПОСТОЕЊЕТО НА НОН-ПЕЈПЕРОТ: „Видов документ со кој се предвидува промена на границите на Западен Балкан“

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Албанија, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа, на која се гледа промената на границите на земјите од Западен Балкан, пишува порталот „Репортери“, цитиран од српски „Блиц“.

Рама рече дека ја видел мапата уште пред да му ја покаже на словенечкиот колега Јанез Јанша.

„Разговарав со него многу одамна. Го видов и овој документ што беше објавен. Немам коментар“, рече Рама во емисијата „Избори 2021“.

Во четвртокот словенечкиот портал „Нецензурирано.си“ објави документ со кој се предлага обединување на Косово со Албанија, можност за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина и обединување на делови од западна Босна со Хрватска.

Исто така, северниот дел на Косово би имал статус на Јужен Тирол.

Слични содржини