Рама му се обрати на Радев: Отворете го патот за преговори, бидете малку Балканци (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Сакам да ја искористам можноста и да му кажам на претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, не бидете толку европејци, бидете малку балканци. Отворете го патот за преговори со ЕУ, вака албанскиот премиер Еди Рама му се обрати на бугарскиот претседател Румен Радев на панелот на Бледскиот стратешки форум.

Тој го праша „што се обидувате да спасат“ со ветото.

-Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да преговараме со нив, а потоа можете да бидете Балканци и да бидете цело време на патот и да кажете не – ние блокираме овде, блокираме таму, но, ве молам прво отворете го патот, додаде Рама во обраќањето.

На овој панел учествуваат и премиерот Зоран Заев, комесарот за соседство и проширување на Европската унија Оливер Вархеји, претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит, како и премиерите на Словенија, Јанез Јанша, на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, на Косово, Албин Курти, на Полска Матеуш Моравјецки, претседавачот и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, како и претседателката на Молдавија Маја Санду.

Слични содржини