Рангелова: Иницијативата која сега бара смена на Мицкоски, истата лобираше тој да стане лидер

од Берта Китинска

Иницијативата која сега бара смена на Мицкоски, истата лобираше тој да се избере за лидер. Во тој момент немаш друг кандидат за избор.Јас и тогаш не го поддржав Мицкоски бидејќи сметав дека не е демократски да се прави притисок врз некого за да гласа, а за избор има само еден кандидат, вели поранешната претседателка на Унија на жени и пратеничка Даниела Рангелова на 360 Степени.

Таа додава дека токму сегашниот иницијативен одбор има најголем легитимитет за да го смени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  бидејќи тие и го избрале.

-Секоја идеја треба да направи критичка маса, но тоа  не може да се случи бидејќи Мицкоски прави притисок на оние кои ќе му се спротистават и веднаш ги линчува и ги нарекува предавници, потребна е внатрешна интелектуална револуција, Мицкоски не е способен да води партија, нема јасни ставови, народот не гледа ништо различно лута во политиките…, вели Рангелова.

loading...

Слични содржини