Ранѓеловиќ: Евентуално кревање на бугарското вето во декември со вклучување на САД

од Nikola Popovski

Не верувам дека ќе се крене ветото во јуни. Можеби во некои медиуми како Политико, Еуроактив ќе го сретнете тоа, меѓутоа јас читав дел од најпознатите германски медиуми кои викаат дека целосната фигура на еден политичар од типот на канцеларот Шолц не е доволен тешкаш да издејствува вакво нешто. Дури и во самата атмосфера во Бугарија и Македонија, неговото доаѓање не беше пречекано со еуфорија, за разлика од тоа доколку дојдеше Меркел, вели политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ.

Според него, во Бугарија има сериозна политичка прокси-војна меѓу САД и Русија.

-Оттаму оваа криза и вето. Надежта лежи во вклучување на американската дипломатија. Ќе видиме преку кој начин. Тие ќе дадат една хартија на маса, кој нема да кој да се жали дали ќе го прифати или не. Прво мислам дека Американците ќе пробаат да ја задржат владата на Петков, па потоа евентуално до декември или следната година ова време да дојде до некакво кревање на ветото, оценува Ранѓеловиќ во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини