Тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека е задоволен од тоа како тимот го одиграл натпреварот против Пари Сен Жермен.
Фудбалерите на Арсенал во вторникот го победија ПСЖ со 2:0 во второто коло од Лигата на шампионите.
– Повторно покажавме дека можеме да бидеме доминантни против ваков противник, постигнавме два гола. Имавме три одлични шанси да го постигнеме третиот гол. Секоја чест за нив, промените што ги направија, имавме повеќе проблеми да продолжиме да играме онака како што игравме во првото полувреме – изјави Артета на прес-конференцијата, пренесува клупскиот сајт.
Тренерот на Арсенал изјави дека е рано да се гледа на табелата, дека сите екипи очекуваат многу потешки натпревари на домашен и на гостински терен.
– Се уште не знаеме колку бодови ни се потребни, единственото нешто на што можеме да се фокусираме е нашиот настап и да се обидеме да победиме на сите натпревари, како што направивме вечерва. Сега се фокусираме на натпреварите во Премиер лигата – потенцираше Артета.
Клубот од Лондон по две кола од ЛШ има четири бода и е на осмото место. Фудбалерите на Арсенал во сабота од 16 часот ќе играат против Саутемптон, натпревар од седмото коло во Премиер лигата.