Расте бројот на загинати од тајфунот во Јапонија, десетици се исчезнати

од desk2

Најмалку 35 лица загинаа, а 17 се водат за исчезнати во налетот на тајфунот што ја погоди Јапонија.

Ден откако тајфунот направи хаос во Токио и други области од централните, источните и североистоните делови, ангажирани се околу 27.000 припадници на силите за цивилна заштита, пренесе „Кјодо“.

Тие се обидуваат да спасат и околу 360 лица во Нагану, каде реката го пробила насипот. Локалните власти предупредуваат дека нивото на водата може да достигне височина и до пет метри.

Налетите на ветрот достигнаа 180 километри на час и донесоа обилни дождови и силни ветрови што го парализираа Токио.

Речиси половина милион домови останаа без електрична енергија, а делови од централна и источна Јапонија се поплавени, јави „Ројтерс“.

Јапонските власти упатија десетина илјади спасувачи и војници во загрозените подрачја.

Јапонската меторолошка агенција издаде предупредување за Токио и околината, наведувајќи дека таков интензитет на дожд може да се види еднаш во 60 години.

Агенцијата „Кјодо“ соопшти дека количината на врнежите може да ја надмине онаа од најразорниот тајфун во 1958 година, кога загинаа 1.200 лица, а голем број исчезнаа.

Слични содржини