Расте црниот биланс од нападот во Одеса, меѓу жртвите има и дете

од Nikola Popovski

Бројот на загинати во нападот со руски дрон врз украинскиот пристанишен град Одеса се зголеми на четири, меѓу кои и едно дете, соопшти тамошната Државна служба за вонредни состојби.

Осум лица, меѓу кои и малолетник, се повредени во нападот во текот на ноќта на станбениот блок, јавува Интерфакс Украина. Спасувачката акција продолжува.

„Се слушна звук како на трактор, никој не очекуваше да се случи ова. Скокнавме од креветите кога се случи тресокот и побегнавме во пижами надвор. Дронот удри на вториот кат.“

„Една жена е повредена или загина, живееше под балконот каде што удри дронот. Ја однесоа со амбулантното возило. Сите не евакуираа во градинкава“, велат жители на Санкт Петербург.

Во Анталија, Турција, шефовите на дипломатиите на 150 држави дискутираат за најкритичните светски теми, меѓу кои и Украина. Рускиот министер за надворешни ги предупреди Германците поради можното снабдување со ракети со долг дострел.

„Германските генерали зборуваат за проектилот „Таурус“ за да го нападнат кримскиот мост и складиштата со муниција. Разговарале за можноста од далечина, надвор од Украина да ги управуваат ракетите. Еден од генералите сепак предупредил дека е тоа германско директно мешање во војната. На средбата имало и цивили, американски претставници“, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Иако нема најави за мировни преговори, евроатлантската соработка за поддршка на Украина се засилува. По Шолц, во Белата куќа и италијанската премиерка Мелони.

„Како актуелен претседавач со групата седум најразвиени во јуни ќе организираме самит во Пуља, на кој ќе има и суштински одлуки. На самитот ќе го реафирмираме светскиот поредок заснован на меѓународното право, со одбрана и изградба на мир во Украина“, нагласи Џорџа Мелони, премиерка на Италија.

Во почетокот од третата година од војната, Европската унија со безбедносни договори застанува зад Украина. По Франција и Германија, и Холандија понуди две милијарди евра воена помош.

Слични содржини