Ратајковски го покажа својот стомак: Се соблече целосно гола и докажа дека бремените жени може да бидат привлечни (видео)

од Nikola Popovski

Манекенката Емили Ратајковски (29) го очекува своето прво дете со  нејзиниот сопруг, продуцентот Себастијан Беар Меклард , а славната убавица ни помалку ни повеќе ја откри среќната вест, за насловната страница на магазинот Вог.

„Ќе бидам благодарна за ова видео до крајот на мојот живот. Благодарение до мојата пријателка Лени Данам, која излезе со целата оваа приказна. Снимав сè дома и им благодарам на сите што учествуваа“, напишала Ратајковски во описот на видеото во кое позира гола и кое е објавено на Инстаграм.

Инаку, Ратајковски и Меклард стапија во брак во 2018 година, на церемонија во Њујорк која беше изненадувачка и неочекувана за сите.

Изминатото лето Емили го помина зафатена со промовирање на својата линија на костими за капење „Инамората“, и се најде во улога на модел, промовирајќи секси парчиња на својот Инстаграм профил.

 

Слични содржини