Разбиена „Компанија Бело“: Албански нарко картел шверцувал кокаин од Јужна Америка во Европа (видео)

од Nikola Popovski

Откриен и разбиен е албански организиран криминален синдикат кој шверцувал кокаин од Јужна Америка во Европа, при што уапсени се 20 осомничени, соопшти денеска полициската агенција на ЕУ.

Бандата, позната како „Компанија Бело“, била една од најактивните мрежи за шверц на кокаин во Европа, според Европол, кој помогнал во координацијата на низа рации на стотици полицајци во вторникот, што довело до апсења во петгодишната истрага, предводена од Италијанци.

Групата е невообичаена во масовната меѓународна трговија со дрога по тоа што го контролирала секој аспект од синџирот на снабдување, од организирање на испораки на дрога од Јужна Америка до дистрибуција низ цела Европа, изјавил Јари Лиуку, директор на Европскиот центар за сериозен и организиран криминал на Европол.

Бандата дури го втиснала своето лого и логоата на другите криминални групи за кои увезувала дрога, на блокови кокаин што биле транспортирани во Европа и честопати дистрибуирани во автомобили со скриени оддели.

Таа користела криминалци во кинеската организација за да им помогнат во перењето на парите преку подзмениот систем за пренесување.

За време на 5-годишната истрага, 84 други членови на бандата биле уапсени во Италија, Еквадор, Холандија, Британија, Швајцарија и Германија.

Полицијата за време на истрагата запленила скоро 4 тони кокаин и повеќе од 5,5 илиони евра во готовина.

Осомничените се соочуваат со обвинувања кои вклучуваат меѓународна трговија на наркотици и убиства.

Слични содржини