Развојна банка: Фирми почнаа да праќаат апликации, размислуваме за внесување други дејности

од Aleksandar Todeski
562 прегледи

Развојната банка веќе добила апликации од фирми погодени од коронавирусот за бескаматните кредити, велат од таму за „Лоаклно“. Од таму посочуваат дека навремено и транспарентно ќе биде известена јавноста за сите одлуки на Развојната банка, како и дека се размислува поголем опфат на дејности погодени од коронакризата за овие кредити, но и за бескаматната линија „Ковид2“ во периодот кој следи.

„Се размислува за проширување на опфатот и давање поддршка и на другите дејности, особено на гранките кои ќе бидат директно зафатени со препораките на Владата – заради заштита на јавното здравје, како и на гранките кои се директно погодени од ширењето на Ковид-19. Одблизу ја следиме ситуацијата сите, и ние и економските ресори од Владата. Очекуваме во следниот период да има и Ковид2 бескаматна кредитна линија“, велат од Развојната банка за „Локално“.

Во бескаматната линија „Ковид1“ опфатени се товарниот и патнчкиот траснпорт, турситичките агенции и туроператорите, хотелите и останатите објекти за сместување, одмаралишта и обејкти за пократок престој, како и ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна.

Размислувањето за проширување на дејностите доаѓа откако голем дел од фирмите погодени од коронакризата, како и дирекно од препораките на Владата заради заштита на јавното здравје не се опфатени со овој повик, односно опфатени се само стопнаските гранки кои беа први на удар од коронавирусот.

Фирмите кои аплицираат за бескаматната линија „Ковид1“ треба да достават тековна состојба на фирмата, завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда од УЈП за платени даноци и придонеси, потврда дека не се води стечај или ликвидациона постапка и ЗП образец од Централниот регистар, а истите треба да се поднесат на мејлот [email protected].

Александар Тодески

Слични содржини