Реал и Челси не се победија, битката за финалето се решава на „Стенфорд бриџ“

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Реал Мадрид и Челси одиграа нерешено 1:1 во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите.

Тоа беше нивна четврта средба меѓусебно, а интересно е што мадриѓаните сè уште не знаат за победа над тимот од Лондон на официјалните натпревари.

Челзи славеше двапати, со две нерешени средби.

Реал не успеа да го совлада Челси ниту во четвртиот дуел, а одличниот погодок на Бензема им остава надеж дека можат да стигнат до финалето во Лигата на шампионите со подобра игра на реваншот.

Челси вечерва се покажа како голем противник, а ќе дознаеме следната среда кога е предвиден реваншот во Лондон дали ќе ја повтори одличната игра и на „Стемфорд Бриџ“.

Вториот четвртфинален натпревар се игра утре (среда) со почеток во 21 часот, а ќе се сретнат ПСЖ и Манчестер Сити.

Слични содржини