Реал Мадрид го препушти стадионот на властите: Бернабеу ќе биде магацин за медицинска опрема

од Nikola Popovski

Шпанија е една од најзагрозените земји во светот, бидејќи пандемијата на коронавирус многу силно ги погоди.

Еден од најголемите клубови во светот, Реал Мадрид реши да помогне на свој начин.

Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ сега ќе служи за чување на медицински материјали, залихи потребни за борба против коронавирусот.

Реал, исто така, донираше пари и голема количина медицинска опрема.

Со складиштето на Бернабеу, шпанските власти ќе можат брзо да реагираат во секоја ситуација, кога ќе им биде потребна опремата.

Слични содржини