Референдум за францускиот предлог не треба се исклучи како решение, вели Кацарска

од Vladimir Zorba

Не знам колку граѓаните во овој поларизиран емоционален момент може да проценат од анкета дали тие се „за“ или „против“ одреден предлог, којшто не беше ниту јавно достапен и за којшто има се уште многу недоумици и покрај објаснувањата, изјави денеска директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска пред Форумот Еуропеум 2022 – „Западен Балкан и ЕУ во 2022 година: Што претстои?“.

Според Кацарска, во овој момент сите имаме одговорност да му дадеме простор на Собранието рационално да ги продискутира прашањата околу преговарачката рамка. Кацарска смета дека не објавувањето на протоколот и записниците оневозможува дел од луѓето да ја проценат состојбата и веројатно поради тоа се создава простор за недоумици и за поинакви толкувања.

– Веројатно е подобро за сите нас доколку би знаеле во целиот тој пакет кои се тие документи и како изгледаат. Инаку, не можеме да говориме за суштествена дебата. Собранието е исклучително важно, бидејќи знаеме дека првиот чекор којшто доаѓа кај нас е промената на Уставот во тековниот предлог на преговарачката рамка, што нема да биде лесен чекор и за него мора да бидат обезбедени сите чинители колку што е возможно, рече Кацарска, нагласувајќи дека ниту еден консултативен процес не може да биде залуден доколку е отворен.

Слични содржини