Регистрирани рекордни 228.102 новозаразени ширум светот

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека се регистрирани рекордни 228.102 нови случаи на заразени со коронавирус во последните 24 часа низ целиот свет.

Најголем пораст на бројот на заразени има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се вели во дневниот извештај на СЗО. Претходен рекорд од 212.326 нови случаи беше забележан на 4 јули. Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус останува на околу 5.000 на ден.

Бројот на заболени од „Ковид-19“ ширум светот надмина 12 милиони во средата, според „Ројтерс“, а во седумте месеци на ширење, болеста уби повеќе од 555.000 луѓе.

Мајк Рајан, шеф на програмата за итни случаи на СЗО, во петокот рече дека најверојатно новиот коронавирус нема да биде искорен.

Слични содржини