Рекорден број новозаразени за еден ден: Во Русија скоро 125.000 луѓе се позитивни на коронавирусот

од Nikola Popovski

Во Русија, во текот на изминатите 24 часа, пријавени се 9.623 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е рекордно зголемување на бројот на заразени пациенти за време на пандемијата. Вкупниот број на пациенти се искачи на 124.054, соопшти Оперативниот штаб за борба против КОВИД-19 во Русија.

Пријавено е дека најголем број новозаразени има во Москва – 5.358, потоа во московскиот регион – 807, а во Санкт Петербург – 323.

Покажано е дека 47 проценти од новите пациенти не покажале никакви симптоми на болеста.

Оперативниот штаб објави дека бројот на заразени во Москва нагло се зголемил како резултат на зголемувањето на бројот на референтни лаборатории за XIV тестирање.

Во изминатиот ден во Русија загинале 57 лица, кои биле позитивни на вирусот, а вкупниот број на смртни случаи достигнал 1.222. За тој ден се излечиле 1.723 луѓе.

Најголем број смртни случаи во изминатиот ден се забележани во Москва (37).

До денес, повеќе од 3,9 милиони луѓе биле тестирани за коронавирусот на територијата на Руската Федерација, а тестирани се 221.000 луѓе во последните 24 часа, соопшти прес-службата на „Роспотребнадзор“.

Слични содржини