Републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом, Бајден им честита

од Stefanija Kuzmanovska

Републиканската партија го обезбеди мнозинството во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, со освоени 218 места.

Во следните две години тие ќе имаат можност да управуваат со долниот дом на Конгресот, додека мнозинството во Сенатот или Горниот дом го обезбеди Демократската партија предводена од американскиот претседател Џозеф Бајден, јавуваат агенциите.

Со оглед на тоа што гласовите на некои изборни единици се уште се пребројуваат, конечните резултати можеби нема да бидат објавени уште неколку недели.

Бајден им честиташе на републиканците на победата

Американскиот претседател Џозеф Бајден им честиташе на републиканците за обезбедувањето мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и истакна дека ќе соработува со сите за доброто на Американците.

„Американскиот народ сака да работиме за нив. Ќе работам со кој било – републиканец или демократ – кој е подготвен да работи со мене за да им пружам резултати на граѓаните“, рече Бајден во изјавата објавена од Белата куќа, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини