Ресенското обвинителство постапува против шест лица за непочитување на полицискиот час

од Aleksandar Petrovski

Основното јавно обвинителство Ресен, постапувајќи по поднесени кривични пријави, поведе постапка против шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест, односно според Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, тие за време на полицискиот час се движеле на повеќе локации низ Ресен, пеш или со возила, без да поседуваат дозвола за движење, при што бил затекнати од страна на полициски службеници.

Јавниот обвинител до Основниот суд Ресен поднел предлози за издавање казнени налози со кои за шестемина обвинети предложи парични казни во висина од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противредност​.

Слични содржини