Решена е сагата: Ибра се враќа во Милан!

од Nikola Popovski

Шведскиот фудбалер со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ по долго размислување сепак одлучи да се врати во редовите на италјанскиот калчолигаш Милан. Тоа го потврди и италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марцио.

Популарниот Ибра подолго време размислуваше за својата иднина, но како што јавува угледниот италијанскиот кој работи за „Скај Спортс“, Златан пред неколку минути конечно дал зелено светло за комплетирање на трансферот во Милан.

Најверојатно, Златан  ќе потпише договор до јуни 2020-та година, а потоа под одредени услови ќе може да биде продолжен истиот за уште цела една сезона.

Искусниот 38-годишен гол-мајстор Ибрахимовиќ веќе има настапувано за екипиата на Милан, и тоа од 2010 до 2012 година, а актуелниот договор со Лос Анџелес галакси му истекува на 31 декември.

Швеѓанецот треба да му помогне на Милан, кој сезонава игра очајно лошо и се наоѓа на 11. позиција на табелата со 21 освоен бод од 17 натпревари.

 

 

Слични содржини