[РЕЦЕПТ] Чизкејк со три состојки

од Vladimir Zorba

Состојки:
3 јајца
120 г крем сирење
125 г бело чоколадоccda47c0002bdd1c9ac0901d394abafc
Подготовка:
Поделете ги белките од жолчките. Потоа ставете ги во фрижидер за неколку минути белките. Во тоа време растопете го чоколадото во водена бања. Кога ќе се стопи добро, тргнете го од топлина и додадете ги на него жолчките. Промешајте добро со миксер и ставете го крем сирењето.

Претворете ги белките во снег и постепено, мешајќи внимателно додадете ги останатите состојки. Тестото треба да се пече во тава во која претходно сте ставиле хартија за печење.
На колачот му требаат околу 15 минути на 160 степени, во загреана рерна. Пред да сервирате, посипете со шеќер во прав.

Слични содржини