[РЕЦЕПТ] Крем со цеден јогурт и чоколадо

од Vladimir Zorba

Состојки:
180 мл млеко
100 г црно чоколадо
500 г цеден јогурт
½ лажичка ванилин екстракт
мед за сладост049ec6fd9eee9543b94ce8e65096ec6f

Подготовка:
Прелијте го свежото млеко во мала тава и во него искршете половина од чоколадото. Ставете тенџере на тивок оган додека чоколадото не се стопи и се добие хомогена смеса во која ќе додадете ванила и мед. Оставете ја смесата да се излади неколку минути.

Потоа во сад ставете го јогуртот и додадете го останатото чоколадо, рендано на крупно. Измешајте добро и распоредете во соодветни чашки. Кремот треба да отстои за час-два во фрижидер, а потоа може да декорирате со овошје, крем, ореви, чоколадо и да сервирате.

Слични содржини