Reuters: Доналд Трамп ќе го назначи Рекс Тилерсон за државен секретар на САД

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп се очекува да го објави името на својот избраник за една од најважните функции во новата администрација – онаа државен секретар. Извор открива за Reuters дека тоа ќе биде Рекс Тилерсон, шеф на нафтената компанија ExxonMobil.
Трамп ќе го престави 64-годишниот Тилерсон ,откако тексашанецот  беше поддржан од неколку високи фигури во Републиканската партија, вклучувајќи и поранешните државни секретари Џејмс Бејкер и Кондолиза Рајс, како и поранешниот министер за одбрана Роберт Гејтс.

Слични содржини